Чучурлиги | |
---|---|
Alauda arvensis | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Подред: | Песнопојни |
Семејство: | Чучурлиги Vigors, 1825 |
Чучурлигите (науч. Alaudidae) се фамилија птици песнопојки. Сите видови го населуваат Стариот Свет, северна и источна Австралија, само еден вид алпската ушеста чучурлига се проширила и во Северна Америка. Сите живеат на различни места, но сепак најмногу сакаат да живеат во суви подрачја.
Чучурлигите се мали до средно големи птици, долги 12 до 24 см и тешки 15 до 75 гр.
Тие поубаво пеат од повеќето птици, а често пеат додека се во лет. Нивната песна, како и проширувањето на живеалиштата кои луѓето ги измениле, им обезбедуваат на чучурлигите истакнато место во литературата и музиката.
Мажјаците пеат во лет додека ја бранат својата територија за време на размножувањето и за привлекување на партнерката. Повеќето видови го градат своето гнездо на земја, обичо од трева, но кај некои видови е малку посложено и повдлабено. Неколку пустински видови се гнездат во ниски грмушки, можеби заради жештината. Јајцата им се обично точкасти, а големината на леглото варира од 2 (особено кај пустинските видови) до 6 јајца во поумерените региони. Чучурлигите ги инкубираат јајцата 11-16 дена.
Како повеќето птици кои живеат на земја, чучурлигите имаат подолг заден прст кој им дава стабилност додека стојат. Повеќето од нив имаат кафено перје, прошарано со линии, во потемни и посветли нијанси, но некои имаат црно и бело перје. Нивниот изглед им служи за камуфлажа, особено додека лежат на гнездото.
Се хранат со инсекти и семиња; возрасните ја насочуваат својата исхрана кон семиња, но младенчињата речиси сите ги хранат со инсекти, барем првата недела по испилувањето. Многу видови со клунот ја копаат земјата за да најдат храна. Некои имаат поголем и заострен клун, погоден за отворање семиња, а други, пак, имаат подолг и закривен, кој е попогоден за копање.
Чучурлигите се единствени од редот на врапчевидните кои ги губат сите пердуви во текот на првото митарење. Се смета дека тоа се случува порадиот лош квалитет на првите пердуви.
Чучурлигите се слични на другите птици кои живеат на земја, со своето долго терцијално перје, но кај нив тарзусот (стапалото) има само едн ред крлушки на задната површина, а кај другите има обично два реда.
Овие птици се сметаат за здрава и вкусна храна која лесно се лови. Се користат на многу начини, варени, печени на скара, како фил во пита и сл. Особено е ценет нивниот јазик. Поради намалувањето на нивниот број, нивното месо тешко се наоѓа, но уште го има по рестораните во Италија и на други места во јужна Европа.
Фамилија: ALAUDIDAE
|doi=
(help). PMID 16054402.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)|date=
(help)„Чучурлиги“ на Ризницата ? |
„Alaudidae“ на Викивидовите ? |