Шумска чулурлига | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Чучурлиги |
Род: | Lullula Kaup, 1829 |
Вид: | L. arborea |
Научен назив | |
Lullula arborea (Linnaeus, 1758) |
Шумската чучурлига е единствена од семејството на чучурлигите во родот Lullula. Спаѓа во редот на врапчевидните птици.
Ја има во Македонија.
Шумските чучурлиги се простираат во поголемиот дел на Европа, средниот исток на Азија и планините на северна Африка. Оние што живеат во посеверните и постудени предели се птици преселници. Живее во планински предели, а претпочита борови шуми.
Должината на телото е околу 15 см, распонот на крилјата 30 см и тежи околу 25 гр. Перјата и се карактеристични за родот - маскирни со кафени, црни и жолти нијанси. И таа, како другите чучурлиги оди по земјата, а не потскокнува. Нема изразен полов диморфизам, односно половите не се разликуваат. За време на парење, лета пеејќи, над 100 м надморска височина.
Гнездото го прават на земја, добро сплетено од суви треви. Несат 4-6 бели, но испркани со кафени, сиви и црни точки, јајца, со големина 21х16 мм. Ги инкубираат 13–15 дена, а потоа младенчињата се развиваат брзо и по околу 14–15 дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат претежно со инсекти. Годишно може да одгледаат 2 легла.