Армандо Броја | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Армандо Броја | ||
Роден на | 10 септември 2001 | ||
Роден во | Слау, Англија | ||
Држава |
Албанија Англија | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
Брнам Џуниорс | |||
Тотенхем | |||
Челси | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2020- | Челси | 5 | (0) |
2020-2021 | → Витесе | 30 | (10) |
2021- | → Саутхемптон | 32 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2019 | Албанија 19 | 3 | (1) |
2019- | Албанија 21 | 3 | (1) |
2020- | Албанија | 14 | (4) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 26 јули 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012 |
Армандо Броја (роден на 9 октомври 2001, во Слау) е албански фудбалер со англиско државјанство, напаѓач на Челси и на албанската репрезентација.
Броја е роден во Слау, Англија од родители Албанци, по потекло од Голема Малесија. Иако целиот свој живот живее во Англија, тој одлучил да ја претставува Албанија на репрезентативно ниво.
Напаѓач познат по своите движења, опремен со добра физичка сила и одлично чувство за гол. Исто така, многу вешт во напаѓање во длабочина.
Израснал во младинските категории на Тотенхем и Челси. На 26 февруари 2020 година, Броја го потпишал својот прв професионален договор со Челси согласувајќи се на двегодишна верност кон лондонската екипа. На 8 март 2020 година, тој го направил своето деби за првиот тим на сините во победата на домашен терен со 4–0 против Евертон, откако влегол како замена во 86-тата минута на местото на Оливје Жиру.
На 18 јули 2021, Броја потпишал нов петгодишен договоро со клубот.
На 21 август 2020 година, Броја се преселил во холандската екипа Витесе на едносезонска позајмица. На 19 септември 2020 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 2–0 над Спарта Ротердам. Броја ја завршил својата позајмица во Витесе како нивен најдобар стрелец во Ередивиси за сезоната 2020–2021 (изедначен со Лои Опенда), постигнувајќи десет гола.
На 10 август 2021 година, Броја се вратил во Премиер лигата каде бил позајмен на Саутхемптон за сезоната 2021–2022. На своето деби на 25 август, тој постигнал два гола во убедливата победа од 8–0 над екипата од Лига Два, Њупорт Каунти во второто коло од Лига купот. На 16 октомври, Броја го постигнал својот прв гол во Премиер лигата за клубот во победата од 1–0 против Лидс Јунајтед.
И покрај тоа што е роден во Англија, Броја одбрал да игра за репрезентацијата на Албанија поради потеклото на неговите родители.
Во текот на 2019 година, тој одиграл 3 натпревари и постигнал еден гол за репрезентацијата под 19 години, а потоа истата година дебитирал и за репрезентацијата под 21 година.
Во мај 2019 година, Броја добил повик во сениорската репрезентација на Албанија да се приклучи на тренинг кампот во Драч, Албанија од 21 до 26 мај 2019 година. На 7 септември 2020 година, тој го направил своето деби во поразот на домашен терен со 1–0 против Литванија. На 5 септември 2021 година, Броја го постигнал својот прв сениорски гол во квалификациите за СП 2022 против Унгарија, помагајќи му на својот тим да победи со 1-0.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Албанија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
7-9-2020 | Тирана | Албанија | 0 – 1 | Литванија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 75' | |
11-10-2020 | Алмати | Казахстан | 0 – 0 | Албанија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 41' | |
14-10-2020 | Вилнус | Литванија | 0 – 0 | Албанија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 57' | |
25-3-2021 | Андора ла Веља | Андора | 0 – 1 | Албанија | Квал. за СП 2022 | - | 81' | |
28-3-2021 | Тирана | Албанија | 0 – 2 | Англија | Квал. за СП 2022 | - | 59' | |
31-3-2021 | Серавале | Сан Марино | 0 – 2 | Албанија | Квал. за СП 2022 | - | 46' | |
5-9-2021 | Елбасан | Албанија | 1 – 0 | Унгарија | Квал. за СП 2022 | 1 | 78' 90+2' | |
8-9-2021 | Елбасан | Албанија | 5 – 0 | Сан Марино | Квал. за СП 2022 | 1 | 46' | |
9-10-2021 | Будимпешта | Унгарија | 0 – 1 | Албанија | Квал. за СП 2022 | 1 | 66' | |
12-10-2021 | Тирана | Албанија | 0 – 1 | Полска | Квал. за СП 2022 | - | 58' | |
Вкупно | Настапи | 10 | Голови | 3 |
Статистиката е ажурирана на 16 мај 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
мар.-јун. 2020 | Челси | ПЛ | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 1 | 0 |
2020-2021 | Витесе | ЕД | 30 | 10 | КХ | 4 | 1 | - | - | - | - | - | - | 34 | 11 |
2021-2022 | Саутхемптон | ПЛ | 6 | 2 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0+2 | - | - | - | - | - | - | 7 | 4 |
Вкупно во кариерата | 37 | 12 | 5 | 3 | 0 | 0 | - | - | 42 | 15 |
|data=
(се препорачува |date=
) (help)
Chelsea (4-3-3): Kepa; Azpilicueta (c), Rudiger, Zouma, Alonso; Barkley, Gilmour, Mount (James 60); Willian (Anjorin 71), Giroud (Broja 86), Pedro
„Армандо Броја“ на Ризницата ? |
|