Парабола за слепиот што води слепи (1568) од Питер Бројгел Постариот .
Беседа на рамницата (или Проповед на рамницата ) — поучни искази на Исус Христос посведочени во Евангелието според Лука (Лк 6,20-49 ). Оваа проповед може да се спореди со поопширната Беседа на гората во Евангелието според Матеј .
Лука 6,12–20 ги опишува настаните кои ѝ претходеле на беседата. Исус преноќил на планината, молејќи се на Бога. По два дена ги собрал своите ученици и од нив избрал дванаесет кои ги прогласил за Апостоли . Слегувајќи од планината, тој застанал на „рамно место“ каде се собрала толпа луѓе. Откако ги исцелил страдалниците од „нечисти духови“, Исус почнал да беседи.
Најзначајни пораки во беседата се:
Блаженства и предупредувања (6,20–26)
Љуби ги непријателите и сврти го другиот образ (6,27–36)
Постапувај со другите онака како што сакаш да постапуваат со тебе (6,31)
Не суди за да не бидеш суден , не осудувај за да не те осудуваат, проштевај за да ти биде простено , дај за да ти се даде (6,37–38)
Може ли слеп да води слеп? Учениците не се над учителот (6,39-40)
Извади ја гредата од своето око пред да ја вадиш раската во туѓото (41-42)
Добро дрво не дава лош плод, ниту лошо дрво дава добар плод — секое дрво се познава по плодот (43–45)
Зошто ме довикувате „Господи, Господи“ а не го извршувате она што ви го кажувам? (46)
Оној што ги слуша моите зборови и исполнува гради на камен, а оној што не го прави тоа гради на песок и ќе настрада (47–49)
Во Лука 7,1 откако кажал сè што имал да каже, Исус пошол во Капернаум , кој според Лука го немал посетено од 4,31 .
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Глави Настани Изрази Личности Места