Видови агли |
---|
2Д |
Надворешен |
2Д-парови |
Соседни |
3Д |
Диедарски |
Во геометријата, еден агол на многуаголник се образува од две страни кои делат завршна точка. Кај простите (несамопресекувачки) многуаголници, без оглед на испакнатоста, овој агол се нарекува внатрешен агол ако крајната точка во аголот е во внатрешноста на многуаголникот. Многуаголникот има точно еден внатрешен агол по теме.
Ако секој надворешен агол на прост многуаголник е помал од π радијани (180°), тогаш многуаголникот се нарекува испакнат.
За разлика од тоа, надворешен агол е аголот образуван со една страна на прост многуаголник и права протегната од соседна страна.:pp. 261-264
Концептот за внатрешен агол може доследно да се примени и кај прекрстените многуаголници како ѕвездите користејќи го концептот на насочени агли. Општо земено, збирот на внатрешните агли на секој затворен многуаголник во степени, вклучувајќи ги прекрстените (самопресекувачки) е 180(n–2k)°, каде n е бројот на темиња, а строго позитивниот цел број k е бројот на вкупни (360°) свртувања кои се прават одејќи околу обемот на многуаголникот. Со други зборови, збирот на сите надворешни агли изнесува 2πk радијани или 360k степени. Пример: кај обичните испакнати и вдлабнати многуаголници, k = 1 бидејќи збирот од надворешните агли е 360°, и правиме само едно полно свртување одејќи околу обемот.