Име на домен е назнака за идентификација која дефинира граници на административна автономија и авторитет или контрола во Интернетот, заснована на системот за именување на домени („DNS“). Најдобар пример се највисоките интернет домени: com
, net
и org
.
Интернет домените се користат во разни цели, на пример за вмрежувања и именувања специфични за апликациите како и за адресирање.
Полето на домен името се состои од три домен имиња, технички наречени знаци. Секој дел од трите содржи информации поврзани со домен името. Трите подделови чинат посебни зони што почнуваат од основната зона.
Знаците се по правило поврзани помеѓу себе со точки што ги разграничуваат, како на пример example.com
Домените на највисоко ниво (ДНН) го претставуваат највисокото ниво на домен имињата на Интернетот. Секое домен име завршува со највисоко ниво или знакот за првото ниво на доменот.
Постојат две основни категории на ДНН: Општи или генерички ДНН (гДНН), и тие вообичаено вклучуваат gov, edu, com, mil, org, net, и int.
ДНН со код на земјата (кз ДНН), како што се eu (Европска унија), de (Германија), fr (Франција), итн.
Ширењето на Интернетот создава потребa за од создавање на дополнителни генерички ДНН. Taка во окотмври 2009, постојат 29 гДНН и 250 кзДНН од две букви.
Под доменот на највисоко ниво во хиерархијата на домен името се наоѓаат домените од второ ниво (ДВН). Ова се имињата што се даоѓаат непосредно од левата страна на .com, .net, и другите домени од највисоко ниво. Како пример во wipo.int, wipo е доменот од второ ниво.
Домен имињата од трето ниво се пишуваат веднаш на левата страна од домените од второ ниво.
Можат да постојат домени од четврто петто итн. Ниво, без практични никакви ограничувања. Домените од второто или пониските нивоа, зависно од поставената хиерархија, често се создаваат на основа на името на компанијата, производот или услугата.
На 15 март 1985, првото трговско интернет домен име (.com) е регистрирано под името symbolics.com од страна на Symbolics Inc., компанија за компјутерски системи во Cambridge, Massachusetts.
До 1992 се регистрирани нешто помалку од 15,000 com домени.
Во првата половина од 2015 година, 294 милиони доменски имиња биле регистрирани. Многу од нив во .com ДНН, вклучувајќи 1,9 милиони online бизниси и e-commerce страници, 4,3 милиони страници за забава, 3,1 милиони страници за финансии, и 1,8 милиони спортски страници.
Правото на употреба на домен името се доделува од страна на регистратори на домен имиња акредитирани од страна на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви ICANN Покрај ICANN, секој ДНН е одржуван и технички сервисиран од страна на административна организација што води регистар. Регистарот е одговорен за одржување на базата на податоци на имиња регистрирани во рамките на ДНН што тој ги администрира. Регистрите и регистраторите вообичаено наплаќаат годишен надомест за услугите за доделување домен имиња од корисникот и доделување на стандарден сет од услуги за името.
Често оваа трансакција се нарекува како продажба или закуп на домен името и лицето што извршило регистрација понекогаш се нарекува „сопственик“, но всушност не постои таков правен однос побрзан со трансакцијата, туку само исклучивото право на употреба на домен името. Поточно, овластените корисници се познати како „лица што извршиле регистрација“ или „носители на домен“.
Секој ДНН се одржува и технички се сервисира од страна на админитстративната организација што го води регистарот. Регистарот е одговорен за одржување на базата на податоци на имиња регистрирани во рамките на ДНН што го администрира. Регистарот прима регистарски информации од секој регистратор на домен име овластен да доделува имиња во соодветниот ДНН и ги објавува информациите преку користење на посебна служба, whois протокол. Во процесот на регистрирање на домен име и одржување на авторитет врз создадениот простор на новото име, регистраторите користат неколку клучни информации поврзани со доменот:
Во 1999 Европскиот Совет за започнува дискусијата за единствени ДНН за Европа.
На 22 април 2002, е усвоена Регулативата на Европскиот Парламент и на Советот за имплементација на интернет доменот на највисоко ниво ".eu". Во мај 2003, Европската Комисија го наименува EURid како оператор на .eu регистарот. Во март 2005 .eu доменот е додаден како основна зона во Интернет системот на домен имиња. Во декември 2005, EURid отпочнува со прием на барања за .eu домен имиња, на лимитирана основа. Во април 2006, започнува општа регистрација на .eu домен имиња.
Носителите на .eu домен името можат да ги пренесат нивните домен имиња на други лица или ораганизации - трговија. Носителите на .eu домен името можат, исто така, да го пренесат менаџирањето на нивното .eu домен име од еден акредитиран регистар на друг - пренос.
Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|