Нилс Бор | |
---|---|
Роден(а) | Нилс Хенрик Давид Бор 7 октомври 1885 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 18 ноември 1962 Копенхаген, Данска | (возр. 77)
Националност | Данец |
Полиња | Физика |
Установи | |
Образование | Копенхашки универзитет (Докторат, Мај 1911) Тринити колеџ (Пост-дипломски студии) |
Теза | „Studier over Metallernes Elektrontheori (Изучување на електронската теорија на металите)“ (Mај 1911) |
Докторски ментор | Кристијан Кристијансен |
Други ментори | Џ.Џ.Томсон Ернест Радерфорд |
Докторанди | Хендрик Антони Крамерс |
Други значајни студенти | Лав Ландау |
Познат по | |
Влијание од | |
Влијаел врз |
|
Поважни награди |
|
Сопружник | Маргарет Норлунд (m. 1912–1962) |
Деца | шест |
Потпис |
Нилс Хендрик Давид Бор (Предлошка:Дански: ˈb̥oɐ̯ˀ; 7 октомври 1885 – 18 ноември 1962) — дански физичар кој има голем удел во толкувањето на атомската структура и теоријата на кванти, за кое му е доделена Нобелова награда по физика во 1922. Бор исто така е и филозоф и промотор на научните истражувања.
Бор го создал боровиот модел на атомот, во кој предложил енергетските слоеви на електроните да се одвоени во кои електроните орбитираат околку атомско јадро но имаат способност да преминуваат од еден енергетски слој ( орбита) во друг. Иако боровиот модел е истиснат од другите модели, неговите непоколебливи принципи остануваат валидни. Тој го зачленува принципот на комплементраност: нештата одвоено се анализираат во услови на контрадикторни квалитети, слично како однесување како бран од честички. Дизајнот на комплементарост превладува во Боровото размислување на полето на наука како и на филозофија.
Бор го втемелува Институтот на теоретска физика на Копенхашкиот универзитет, сега познат како Боров институт, кој се отворил во 1920. Бор бил ментор и сорботувал со физичарите вклучувајќи го Ханс Крамерс, Оскар Клајн, Џорџ де Хевези и Вернер Хајзенберг.Тој го предвидил постоењето на нов зикрониум-елемент, кој бил наречен хафниум, по латинското име на Копенхаген, каде е и отркриен. Подоцна елементот бориум е крстен по него.
Во текот на 1930-тите, Бор помогнал на азиланти од Назицам. По германската инвазија 1940 година, Данска била окупирана од гермаци, тогаш тој имал познат состанок со Хајзенберг, кој бил водач на проектот за германско нуклерно оружје. Во септември 1943, Бор е известен дека ќе биде заложник на германците, затоа тој заминува за Шведска. Од таму, лета за Британија, каде се прклучува на британците во нивниот проект за јадрено оружје (Tube Alloys ), и учествува во британската мисија за менхетанскиот проект. По војната, Бор се јавува за интернационална соработка поврзана со јадрена енергија. Тој е интергриран во установата на CERN и Research Establishment Risø of the Danish Atomic Energy Commission, и во 1957станува првиот претседател на Нордичкиот институт за теоретска физика.
Бор е роден во Копенхаген, Данска, на 7 октомври 1885, второ од трите деца на Кристијан Бор, професор по филозофија на Копенхашкиот универзитет, и Елен Адлер Бор, која доаѓа од богато данско-еврејско семејство истакнато во банкарството и парламентарните кругови.Тој имал постара сестра, Џени, и помал брат Харалд. Џени станува наставник, додека Харалд бил математичар и олимпиец кој играл за фудбалската репреземтација на Данска за време на Летните олимписки игри 1908 во Лондон. Бор исто така бил страствен фудбалер, и двајцата браќа играле извесен број на натпревари за копенхашкиот академски фудбалски клуб, каде Бор бил голман.
Бор се школувал на латинската школа Гамелхолм, уште од својата седма година. Во 1903, Бор запишува како студент на Копенхашкиот универзитет. Неговата магистеркса беше поврзана со физика, што ја учел под надзор на професорот Кристијан Кристијансен, кој во тоа време е единствениот професор по физика на унииверзитетот. Тој исто така студирал астрономија и математика под надзор на професорот Тровлад Тиле, и филозофија под надзор на професорот Харалд Хофинг,пријател на неговиот очув.
Во 1905, Кралската данска академија на науки и уметности спонзорира натпревар за златен медал за да се истражува методот за мерење на површинскиот притисок на течностите, предложен од страна на Лордот Рејли во 1879 година. Ова вклучува мерење на честотата на осцилациите на полупречникот на водниот млаз. Бор извел низ на експерименти користејки ја татковата лабораторија на универизтетот, самиот универзитет немал физичка лабораторија. За да ги заврши своите експерименти тој морал самиот да ги создава сопстевните стаклени садови, создавајки тестирачки цевки со потребниот елиптичен пресек. Тој ги надминал барањата на првобитната задача, вклучувајќи подобрувања во теоријата и методите на Рејли, земајки ја предвид визкозноста на водата , и работејќи со конечни амплитуди наместо со бесконечни. Неговиот труд, кој го поднел во последна минута, ја добил наградата. Тој подоцна поднел подобрена верзија на својот труд до Кралското друштво во Лондон за да биде објавене во Philosophical Transactions of the Royal Society.
Харалд бил орвиот од двајцата браќа кој во април 1909 се стекнал со магистерска титула по математика.На НИлс му требале уште девет месеци да ја стекне својата магистерска диплома.Студентите требале да поднесат теза на тема дадена од нивнот ментор. Менторот на Бор, Кристијансен, му ја избрал темата за електронската теорија за металите.Бор последователно ја изложил својата магистерска теза во својот поголем труд за докторатот.Разгледувајки ја литературата поврзана со темата, поставена на моделот предвиден од Пол Друд објаснет од Хендрик Лоренц, во која електроните на металот се разгелдуваат на начин како во гас.Бор го проширил Лоренцовиот модел , но сè уште не бил во можност да ја земе појавата денес наречена Холов ефект, и заклучил дека електронската теорија не може целосно да ги објасни магнетните својства на металите. Тезата била прифатена во април 1911, и Бор ја одбранил на 13 мај. Харалд својот докторат го стекнал една година пред него. Боровата теза била пионерска, но не привлекла голем интерес вон Скандинавија бидејќи била напишана на дански. Во 1921 година, холандскиот физичар Хендрика Јоана ван Левен независно ќе изведе теорема од Боровиот труд која денес ќе биде познат како Бор-ван Левенова теорема.
Во 1910, Бор ја сретнал Марагрита Норлунд, сестрата на математичарот Нилс Ерик Норлунд. Бор ја напуштил данската црква на 16 април 1912 година, и тој и Маргарита на 1 август се венчале во граѓанска церемонија во градската куќа во Слагелсе. Години подоцна и неговиот брат ја напуштил црквата пред да се венча. Бор и Маргарита имале шест сина. Најстариот, Кристијан, загинал во бродолом во 1934 година, и уште еден син, Харалд , починал од менингитис. Аге Бор станал успешен физичар и во 1975 бил награден со Нобелова награда за физика како и неговиот татко. Ханс Бор станал физичар; Ерик Бор хемиски инженер; и Ернест адвокат. Како и неговиот вујко Харалд, Ернест Бор бил олимпиец, играл хокеј на трева за Данска на Летните олимписки игри 1948 во Лондон.
Во септември 1911, Бор, поддржуван од друштвото Carlsberg Foundation, патува до Англија. На времето, во Англија е формирана поголемиот дел од теоретската работа поврзана со стуктурата на атомите. Тој се запоззнава со Џ.Џ. Томсон од Cavendish Laboratory и Тринити колеџ, Кембриџ. Пристуствуал на предавање на тема електромагнетизам предавани од Џејмс Џинс и Џозеф Лармур, и исто така направил краткро истражување на тема катодни зраци, но не успеал да истакне пред Томсон. Тој имал повеќе успех со помлади физичари како со аврстралијанецот Вилијам Браг, и новозеландѓанецот Ернест Радерфорд, чиј модел во 1911, радерфордов модел на атомот го предизвикува Томсоновиот модел, plum pudding model од 1904 година. Бор добива покана од Радерфорд да пристуствува на пост-дипломски труд на Манчестерскиот универзитет, каде Бор се среќава со Џорџ де Хевзи и Чарлс Галтон Дарвин (кого Бор го посочува како "внукот на висткинскиот Чарлс Дарвин").
Бор во јули 1912 година се враќа во Данска за неговата свадба, и на неговиот меден месец патува низ Англија и Шкотска. По неговото враќање, постанува асистент на копенхашкиот универзитет, држејки предавања за термодинамика. Матрин Кнудсен го става името на Бор на листата за доценти, што подоцна е потврдено во јули 1913, и Бор потоа почнува да предава на студенти по медицина. Трите негови трудови, кои подоцна стануваат популарни како "трилогијата ", се објавени во Philosophical Magazine во јули, септември и ноември подоцна истатагодина. Ја приспособува радерфордовата јадрена структура на Макс Планковата квантна теорија и на тој начин го создава Боровиот модел на атомот.
Планетарни модели на атоми не беа нови, но Боровиот пристап беше. Земајки го трудот на Дарвин од 1912 на тема улогата на електроните во интеракцијата на алфа-честичките со јадрото, како појдовна точка, тој преминува на теоријата за патувањето на електроните по своите орбити околу атомското јадро, со ] на секој елемент кој е дефиниран од бројот на електрони кои се движат во надворешните орбити на атомот. sfn|Kragh|1985|pp=50–67, 385–391 }} Тој ја презентира идејата дека електрон може да премине, од слој со повисока енергија на слој со пониска, и во тој процес да емитува одредено количество на енергија , квант Ова станува основа, за тоа што е познато како старата теорија за кванти.
Во 1885, Џохан Балмер се истакнува со своите балмерови серии со интенција да го опише видливата спектрална линии кај водородните атоми:
каде λ е брановата должина на апсорбираната или емитувантата светлина и RH е Rydberg constant. Балмеровата формула е придружена од откритието за додатни спектрални линии, но за триесет години, никој не можел да образложи зошто работело. Во неговиот прв труд од трилогијата, Бор бил способен да го искорени од неговиот модел:
каде me е масата на електронот, e е неговиот полнеж, h е Планкова константа и Z е атомскиот реден број (1 за водород).
Прва препрека со која се соочува моделот, се Пикеринг сериите, линии кои не одговараат на Балмеровата формула. Предизвикан на овој проблем од страна на Алфред Фовлер,Бор одговара дека тие се предизвикани од јонизиран хелиум,атоми на хелиум кои поседуваат само еден елекртон . Боровиот модел наоѓа примена за такви јонизирани атоми. Голем број, стари физичари, меѓу кои и Томсон,Рејлај и Хендрих Лореннц, не ја прифаќаат трилогијата, меѓутоа помладата генерација, Радерфорд, Давид Хилберт, Алберт Ајнштајн, Енрико Ферми, Макс Борн и Арнолд Зомерфелдго гледаат како откритие на векот. Прифаќањето на трилогијата е целосно, поради неговата способност да го објасни феноменот што ги поништи другите модели, и предвидените резултати кои беспрекорно се објаснети од низа експерименти. Денес , боровиот модел на атомот, е заменет со понов, но тој и до ден денес е познат како најдобриот модел на атомот, така и се учи во училиштата по предметот физика или хемија.
Бор не ужива предавајки на студенти од медицина. Тој одлучува да се врати во Манчестер, каде Радерфорд му има предложено работа како лектор на местото на Дарвин, чие нереизбрано наставниќко право му истекло. Бор прифаќа. Зима право на отсуство од Копенхашкиот универзитет, што го започнува заедно со неговиот брат Харалд и тетка Адлер, на одмор во Тирол. Таму, го посетува Универзитетот на Готиген и Минхенскиот универзитет, каде се среќава со Зомерфелд и држи семинари за трилогијата. Неговото враќање во Данска е одложено поради избувнувањето на Првата светска војна, затоа Бор заедно со Маргарета патува до Англија, каде пристгнува во јули 1916. До тогаш е назначен на определена позицијата за теоретска физика на Копенхашкиот универзитет, позиција создадена специјално за него. Неговата доцентруа е поништена во истото време, затоа е принуден повторно да предава физика на студенти од медицина. Нови професори се форлмано запознаени со кралот Кристијан 10-ти, кој го покажал својот интерес да се запознае со толку познат фудбалер.
Во април 1917, Бор ја започнува кампањата за формирање на институот за теоретска физика. Се здобива со поддршка од данската влада и Карлсбер фондацијата, и со значително големи прилози од страна на приватни дарители, повеќето Евреи. Легализацијата за институот е озаконета во ноември 1918. Денес е познат како Инстиутот на Нилс Бор,кои ги отвора своите три врати на 3 март 1921, со Бор како директор. Неговото семејство се преселува во апартман на првиот спрат. Боровиот институт служи како централна точка за истражувачи инвловиран и во квантна механика и симуларни предмети на истражување во 1920-тите и 1930-тите, кога поголемиот дел од најпознатите теоретски физичари поминуваат во неговата фирма. Рано се инволвираат Ханз Крамерс од Холандија, Оскар Клајн од Шведска, Џорџ де Хевези од Унгарија , Wojciech Rubinowicz од Полска и Свејн Розеланд од Норвешка. Бор станува широко почитуван додека станува вроден домаќин и бележит колега. Клајн и Розеланд го пишуваат првиот труд дури и пред истиот да се основа.
Боровиот модел се однесува на атомот на водород, но не може да се објасни зошто работи за повеќе комплексни елементи. До 1919, Бор се оддалечува од идејата дека електроните кружат околу јадрото, и тој ги користи евристички методи за да ги опише истите.. Ретките алкални елементи претстауваат посебен проблем за хемичарите при класификацијата на елементи, бидејќи тие имаат сличен хемиски состав. Значајно развивање се достигнува во 1924 со откритето на Волфганг Паули, Пауливиот принцип, со кој на Боровиот модел му даваат теоретска основа. Бор потоа е во можност да докаже дека уште неоткриениот елеменот со реден број 72 не ќе е алкален елемент, туку елемент со хемиски својства слични на циркониум. Тоа тврдење е било веднаш оспорено од францускиот хемичар Георгес Урбајн, кој тврдел дека го има откриено алкалниот елемент 72, кој го нарекол "целтиум".На институтот во Копенхаген, Дирк Костер и Џорџ де Хевези го прифаќаат предизвикот за докажување на тврдењето на Бор како точно а на Урбајн како погрешно. Започнувајки со шиста идеја за хемиските својства на неопознатиот елемент енормно го олеснило процесот на истражување. Тие ги проверувале примероците од Копенашкиот музеј на минералогија во потраго по елемент сличен на циркониум, и наскоро го наоѓаат.Елемнотот, кој го нарекуваат хафниум, Hafnia, латинското име за Копенхаген, излгува на крајот како почест елемент од златото.
Во 1922, на Бор му е доделена Нобеловата награда по физика "за неговите удели во истражувањето поврзано со структурата на атомите и на енергијата која се емитува од нив ". Наградата е доделена исто така и за препознавањето на значењето на Трилогијата и неговите рани придонеси во полето на квантна физика. За неговиот говор при прием на Нобелова награда, Бор подготвува за публиката разбирливо излагање во кое изложува што е постиганато во врска со структурата на атомот, вклучувајќи го и неговиот принцп на коресподенција. Овие состојби го потврдуваат ондесуваето на системи опишани од кватната теорија кој ја зема за граница класичната физика при големи квантни броеви.
Откривањето на Комптоновото расејување од страна на Артур Комптон во 1923, ги убедува повеќето физичари дека светлината се состои од фотони, и дека енергијата и импулост се запазуваат при судири на протони и елекртони. Во 1924, Бор, Крамерс и Џон Слејтер, америкаснки физичар кој работи на Копенхашкиот институт, ја предлагаат Бор–Крамерс–Слејтерова теорија (БКС). Станувало збор за програм , односно не била целсона физичка теорија, бидејќи идеите од кои е развиена не функционирале квантитативно. БКС теоријата била последниот обид за разбирање на взаемнодејстовото меѓу материјата ни електромагнетното зрачење, врз основа на старата кватна теорија, во која квантните појави се разгледувале преку воведување на кватни граници на класичниот бранов опис на електромагтетното поле.
Моделирањето на атомите при упад на електромагнетно зрачење со употреба “вииртуелни осцилатори” при честотите на впивање и оддавање, отколку да се користат различните очигледни честоти на Боровите орбити, при што Макс Борн, Вернер Хајзенберг и Крамерс требало да истражат различни математички модели. Ова довело до развојот на матричната механика, првиот облик на современата квантна механика. Оваа теорија доведе до разгледување на потешкотиите во основите на старата квантна механика. Најизразит елемент на БКС е дека не мора да се запазуваат импулост и енергијата, но користејќи статистички методи било покажано дека постои конфликт во резултатите на експериментите изведни од Валтер Бете и Ханс Гајгер. Земајќи ги предвид овие резулати, Бор го информирал Дарвин дека "нема што да се прави освен да им дадеме почестен погреб на овие револуцинерни напори."
Воведувањето на спинот во физиката од Џорџ Уленбек и Семјуел Гоудсмит во ноември 1925 било големо постигнување. Следниот месец, Бор бил во Лајден каде присуствувал на прославата за 50 годишнината на докторатот на Хендрик Лоренц. Кога неговиот воз застанал во Хамбург, се сретнал со Волфганг Паули и Ото Стерн, кои го прашале за неговото мислење за спинската теорија. Бор посочил дека бил загрижен за интеракцијата меѓу електроните и магнетните полиња. Кога пристигнал во Лајден, Пол Еренфест и Алберт Ајнштајн го информирале дека го решиле тој проблем користејќи релативност. Бор потоа ги натерал Уленбек и Гоудсмит да го вметнат тоа во нивното дело.
Хајзенберг пристигнал во Копенхаген во 1924, и потоа се вратил во Готинген во јуни 1925, откако ги извел математичките основи за квантната механика. Кога ги покажал неговите резултати на Макс Борн во Готинген, Борн сфатил дека најдобро можат да се изразат со матрици. Ова дело го привлекло вниманието на британскиот физичар Пол Дирак, кој дошол во Копенхаген во септември 1926, и таму останал шест месеци. Ервин Шредингер се обидел да ја објасни квантната механика на класичен начин користејќи бранова механика.
Кога Крамер го напуштил Институтот во 1926, Бор овозможил за Хајзенберг да го преземе неговото место како лектор на универзитетот на Копенхаген. Хајзенберг работел како лектор на универзитетот и како асистент на Бор од 1926 до 1927.
Бор бил убеден дека светлината се однесува и како бран и како честичка, и во 1927, со експеримент била докажана Де Броевата хипотеза дека материја (како електрони) исто така се однесува како бран. Тој го осмислил филозофскиот принцип за комплементарност: Дека предмети можат да имаат заемно исклучувачки својства, како тоа да се бран или честички, во зависност од основата. Тој сметал дека ова не било целосно разбрано од професионалните филозофи.
Во Копенхаген 1927 година, Хајзенберг го развил својот принцип на неопределеност, кој бил прифатен од Бор. Во дело презентирано на Волта Конференцијата во Комо во септември 1927, покажал дека принципот на неопределеност може да се изведе од класични аргументи, без квантна терминологија или матрици. За Ајнштајн поприфатлив бил детерминизмот на класичната физика отколку веројатноста на новата квантна физика, за која и самиот придонел. Филозофските проблеми кои биле изведени од новата квантна механика биле опширно дискутирани. Ајнштајн и Бор често дебатирале за вакви проблеми.
Во 1914, Карл Јакобсен, наследникот на Карлсберг групата, сакал доживотно да ја предаде својата палата за данецот кој има најголеми придонеси кон науката, литературата или уметноста. (дански: Æresbolig). Харалд Хофдинг бил првиот кој живел во палатата, и по неговата смрт во 1931, Ројалната Данска Академија на Науките го наградиле Бор со палатата. Тој се преселил таму во 1932. Бил избран за претседател на академијата на 17 март 1939.
До 1929, феноменот на бета-распадот го поттикнал Бор да предложи напуштање на законот за зачувување на енергијата, но хипотетичкото неутрино на Енрико Ферми и откривањето на неутронот во 1932 овозможило друго објаснување. Со ова знаење, Бор создал нова теорија за мешано јадро во 1936, со што се објаснило како неутрините може да бидат заробени во јадрото. Во овој модел, јадрото може да се деформира како капка течност.На оваа теорија работел заедно со Фриц Калкар, кој починал ненадејно во 1938.
Откритието на јадреното цепење во декември 1938, довело до голем развој на интересот на физичарите. Бор ги донел овие вести во САД, каде ја отворил 5тата Вашингтонова конференција за теоретска физика заедно со Ферми на 26 јануари 1939. Кога Бор му кажал на Џорџ Плазек дека ова ги решава сите мистерии на трансураските елементи, Плазек му рекол дека осанува еден проблем: Енергијата на заробување на неутрон кај ураниум не е еднаква на таа на распадот. Бор размислувал за ова неколку минути и потоа му кажал на Плазек дека “разбрал се”. Врз основа на моделот на капка на јадрото, Бор заклучил дека ураниум-235 изотопот, а не ураниум-238 е одговорен за цепењето со термални неутрони. Во април 1940, Џон Р. Данинг демонстрирал дека Бор е во право. Во меѓувреме, Бор и Вилер развиле теорија која ја издале во септември 1939 наречена “механизам за јадрено цепење.”
Бор го прочитал делото на данскиот филозоф Сорен Киркегор. Ричард Роудс напишал критика во Правењето на атомската бомба, за тоа дека Бор бил под влијание на Киркегоровото учење преку Хуфдинг. Во 1909, Бор за роденденот на својот брат му го испраќа делото на Киркегор Нивоата на животниот паткако роденденски подарок. Во писмото, Бор напишал, ,, Ова е единственото нешто што морам да го пратам дома;но не верувам дека ќе биде лесно да се најде нешто подобро;... Дури мислам дека е едно од најубавите книги што ги имам прочтано ". Бор се восхитувал на Киркегоровиот јазик и стил на пишивање, но посочил дека не се согласува со Киркегововата филозофија. Поголемиот дел од биографите на Бор предложиле дека ова несогласување со Киркегоровата филозија е предизвикано од религозната определба на Сорен, тој е христијан, додека Бор бил атеист.
Постоело расправија за тоа дали Киркегоровото учење имало влијание врз Боровата филозофија и наука. Давид Фаврхолдт сметал дека Киркегор има минимално влијание врз Боровата работа, земајки го ставот на Бор во несогласувањето со филозофијата на Сорен, додека Жан Феи расправал дека човек може да не се согласи со ставот на една теорија.
Развојот на Нацизмот во Германија предизвикува голем број на учени луѓе да ги напушатат своите земји, бидејќи биле евреи или бидејќи биле политички противници на нацистичкиот режим.Во 1933, фондацијата Рокфелер создала паричен фонд за да им помогне на имигрираните академци, и Бор разговарал во врска со оваа програма со претседателот на фондацијата, Макс Мејсон,во мај 1933 за време на постетата во САД. Бор им понудил на емигрантите привремени работни места во институтот, им обезбедил финансиска поддршка, организирал доделување на стипендија од фондацијата Рокфелер. Тие што помогнале во овој процес биле Гуидо Бек0, Феликс Блох, Џејмс Франк, Џорџ де Хевзи, Ото Фриш, Хилде Леви, Лиз Мејтнер, Стефан Роцентал, Ериџ Шнајдер, Едвард Телер, Артур вон Хипел и Виктор Вајзкопф.
Во април 1940, на почетокот на Втора светска војна , германските нацисти ја окупираат Данска. За да не дозволат откиравањето на златните Нобелови награди за делото на Макс вон Лу и на Џејмс, Бор го натерал де Хевзи медалите да ги раствори во киселина. Во оваа форма, биле складирани на полица во Институот сè додека траела војната, но кога златото било откриено и медалите биле обновени од Нобеловата фондација. Бор го одржувал Институот во живот но сите странски академци биле депортирани.
Бор бил свесен за можноста да се користи ураниум 235 за да се создаде атомска бомба, но сметал дека не е возможно да се извлече доволно количество на ураниум-235. Во септември 1941, Хајзенберг, водач на германскиот проект за јадрена енергија, го посетил Бор во Копенхаген. За време на нивната средба, двајцата имале приватен разговор и не се знае за што точно дискутирале. Според Хајзенберг, разговарале за јадрена енергија, морал, и војната, и Бор наеднаш го прекинал разговорот, без да даде свое мислење. Иван Супек еден од учениците на Хајзенберг, рекол дека митингот е за Карл Фридрих фон Вајзакер, кој сакал да го убеди Бор за да се залага за мир меѓу Британија и Германија.
Во 1957, Хајзенберг се обратил на Роберт Јунг, кој работел на книгата “Посветли од илјада сонца: историјата на атомските научници”. Хајзенберг му објаснил дека го посетил Копенхаген за да разговара со Бор за германските научници и можноста да се развие јадрено оружје. Кога Бор го видел ова во книгата на Јунг, напишал(но не пратил) писмо до Хајзенберг, во кое вели дека никогаш не ја разбрал причината за неговата посета, и бил стаписан поради мислењето на Хајзенберг дека Германија ќе ја победи војната со јадрени оружја.
Михаел Фрајновата претстава Копенхаген од 1998 опишува што би можело да се случи во 1941 на разговорот меѓу Хајзенберг и Бор. Филмот на BBC, “Копенхаген” бил снимен според претставата со Стивен Реја кој го глуми Бор и Даниел Крег кој го глуми Хајзенберг.
Во септември 1943, Бор и неговиот брат Харалд слушнале дека нацистите сметаат дека нивното семејство е еврејско, бидејќи нивната мајка, Елен Адлер Бор, била еврејка и затоа имало опасност да бидат уапсени. Данскиот отпор им помогнал на Бор и жена му да избегаат по море во Шведска на 29 септември. Следниот ден, Бор го убедил кралот Густав V од Шведска да овозможи примање на еврејски бегалци. На 2 октомври 1943, било објавено преку радио дека Шведска ги прима сите бегалци и со тоа биле спасени данските евреи. Eventually, over 7,000 Danish Jews escaped to Sweden.
Кога веста за Боровото бегство стигнала до Британија, Фредерих Линдеман, пратил телеграм до Бор, со кој го замолил да дојде во Британија. Бор пристигнал во Шкотска на 6 октомври. За време на патувањето, Бор се онесвестил од недостато на кислород. Синот на Бор пристигнал во Британија по една недела, и станал негов личен асистент.
Бор бил топло примен од Џејмс Чедвик и Сер Џон Андерсон, но поради безбедносни причини, не се појавувал јавно. Му бил даден апартман во палата, и канцеларија кај британска фирма за развој на јадрени оружја. Бор бил зачуден од тоа колку многу напредок направиле со неговиот тим. Чедвик организирал Бор да ја посети Америка како консултант, со синот како асистент. На 8 декември 1943, Бор пристигнал во Вашингтон, каде се сретнал со директорот на менхетенскиот проект, генералот Лесли Р. Гроувс Јуниор. Ги посетил Ајнштајн и Паули на Институтот за напредна наука во Принстон, Њу Џерси, и бил на Los Alamos националната лабораторија во Ново Мексико, каде биле дизајнирани јадрените оружја. За сигурносни причини, бил под псевдонимот “Николас Бејкер” во Америка, а син муѕ Ејџ, бил “Џејмс Бејкер”. Во Мај 1944, весникот на данскиот отпор објавил дека сознале дека синот на познатиот научник Нилс Бор, во октомври претходната година заминал од земјата преку Шведска до Лондон, и од таму патувал до Москва, каде помагал во војната.
Бор не останал во Los Alamos, туку ја посетувал оваа лабораторија во следните две години. Роберт Опенхајмер го опишал Бор како “научник татко за помладите научници”. Бор рекол: “Не им требаше мојата помош за да ја направат атомската бомба.” Опенхајмер го пофалил Бор за неговиот придонес кај модулираниот неутронски започнувач.
Бор признал дека јадрените оружја ќе ги променат меѓународните односи. Во април 1944, добил писмо од Петар Капитза, со кое бил поканет да оди во Советскиот Сојуз. Писмото го убедило Бор дека русите знаат за англо-американскиот проект, и дека ќе се обидат да ги престигнат. Бор се сретнал со Черчил на 16 мај 1944, но открил дека “не го зборуваат истиот јазик”. Черчил не се соглаувал со идејата за отвореност кон русите.
Опенхајмер предложил дека Бор треба да го посети претседателот и да го убеди дека Менхетенскиот проект треба да се дели со русите за да може да се забрза развојот. Пријателот на Бор, Феликс Франкфуртер го информирал претседателот Рузвелт за размислувањата на Бор, и тие се сретнале на 26 август 1944. Рузвелт предложил Бор да се врати во Велика Британија и да ги убеди за ова. Кога Черчил и Рузвелт се сретнале во Хајд Парк, на 19 септември 1944, ја отфрлиле идејата за да го информираат светот за овој проект.
Во јуни 1950, Бор напишал отворено писмо кон Обединетите нации повилувајќи ги да соработуваат за јадрената енергија. Во 1950-тите, по првиот јадрен тест на Советскиот Сојуз, била создадена Меѓународната агенција за атомска енергија по препорака на Бор. Во 1957, ја добил првата атоми за мир награда.
Со завршувањето на војната, Бор се вратил во Копенхаген на 25 август 1945 г. и бил повторно избран за претседател на Данската академија за науки и уметности на 21 септември. На меморијалната средба на Академијата на 17 октомври 1947 за кралот Кристијан X, кој починал во април, новиот крал, Фредерик IX, најавил дека ја доделувал наградата одредот на слонот на Бор. Оваа награда вообичаено се доделувала на кралски потомци, водачи на државата, но кралот рекол дека е почестен оваа награда да ја додели лично на Бор, но и на данската наука. Бор го дизајнирал својот војнички амблем што го содржел симболот за јинг јанг, и мотото во латински: contraria sunt complementa, "спротивностите се комплементарни ".
Втората светска војна демонстраирала дека на науката, поточно физиката и се потребни финансиски и материјални ресурси. За да се избегне „бегство“ на научниците во САД, 12 европски држави се здружиле за да го создадат ЦЕРН,организација за истражување дизајнирана да преземе проекти и ресурси. Бор и Крамер сметале дека инстутот би бил идејално место за овој проект. Пјер Аугер, кој ги организирал прелиминарите дискусии, не се согласувал;сметал дека и на двајцата, и на Бор и на неговиот институт им поминало времето, и дека присуството на Бор го засени на останатите. По долга дебата, Бор ја одал својата поддршка на ЦЕРН во февруари 1952, и Женева е одбрано како седиште на институтот. Теоретската група на ЦЕРН е стационирана во Копенхаген сè додека не била префрлена во Женева во 1957. Виктор Вајзкопф, кој подоцна станал главен дирекотр на ЦЕРН ја сумирал Боровата положба, велејки дека ,,Постоеле и други личности кои ја основале и развиле идејата за ЦЕРН. Ентузијамот и идеите не би биле доволни, освен ако човек не ги поддржал. "
Бор починал од срцев удар во неговит дом Карлсберг на 18 ноември 1962. Тој е кремиран и неговата пепел е закопана на семејниот плац во Асистенските гробишта во Копенхаген, заедно со неговите родители, брат и син. На 7 октомври 1965, на што требаше да биде неговит 80-ти роденден, институтот официјално е преименуван во институтот на Бор.
Istinu sam saznao od Margrethe, Bohrove supruge. ... Ni Heisenberg ni Bohr nisu bili glavni junaci toga susreta nego Carl Friedrich von Weizsaecker. ... Von Weizsaeckerova ideja, za koju mislim da je bila zamisao njegova oca koji je bio Ribbentropov zamjenik, bila je nagovoriti Nielsa Bohra da posreduje za mir između Velike Britanije i Njemačke.An interview with Ivan Supek relating to the 1941 Bohr – Heisenberg meeting.
Повеќе за Нилс Бор на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? |
|
|