Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Во рамките фудбалот како спорт, одбранбениот играч кој се наоѓа во најоддалечениот дел од теренот има задача да го спречи противничкиот напад. Постојат четири типа на одбранбен играч - централен бек, дефанзивец поставен во среден ред, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија и страничен бек. Позициите на централниот бек и дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се од суштинско значење во повеќето современи формации. Улогите на дефанзивецот во средниот ред страничниот бек се поспецијализирани за одредени формации.
Задачата на централниот одбранбен играч ( т.н. последен играч, централен дефанзивец или стопер) е да се спречи противничките играчи ( напаѓачи ) да постигнат гол и да ја изнесат топката од својот шеснаесетник. Како што и самото име кажува, тие играат во централната позиција. Позицијата претходно се однесувала на централната одбранбена половина. Кон почетокот на 20 век, кога повеќето тимови ја користеле 2-3-5 формацијата,двајцата играчи во улога на бекови биле познати како дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија,а редот од тројца играчи пред нив била познат како среден бек. Со текот на времето формациите се менувале и централниот играч од ова трио преминал во поголема одбранбена позиција, а со тоа го преземал називот среден бек. Левиот и десниот играчи од ова трио биле наречени лев и десен среден бек.
Во модерниот фудбал, повеќето тимови вклучуваат двајца централни дефанзивци позоционирани пред голманот. Постојат две главни одбранбени стратегии кои ги користи централниот бек – зонска одбрана кога централниот бек покрива одреден дел од теренот, и маркирање човек – на – човек кога секој централен бек има задача да покрие одреден противнички играч: Основни задачи на централниот бек се
Централниот бек повлекува посебен спектар на атрибути:
Страничниот бек е модерна варијанта на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија, само што е повеќе сконцентриран на нападот. Називот е добиен од спојување на значењето на "крилен играч" и "дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија". Обично се употребуваат во 3-5-2 формацијата, и затоа може да се сметаат за дел од средниот ред. Но, тие исто така може да се употребат во 5-3-2 формацијата и со тоа добиваат повеќе дефанзивни задачи. Во развојот на современиот фудбал, старничните бекови се комбинација на крилни играчи и дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија . Ова е една од позициите кои бараат најголема физичка подготвеност. Страничните бекови обично се посмели од дефанзивците кои ја држат целосната дефанзивна линија и од нив се очекува да обезбедат простор особено во тимовите кои играат без крилни играчи. Страничните бекови мора да се многу издржливи, да бидат способни за додавања на противничката половина и да ги издржат нападите од противничките крила. Дефанзивниот среден играч има за задача да го покрие страничниот бек кога тој преминува во напад.
Овој тип на одбранбен играч ја држи целосната дефанзивна линија, по една од двете страни на теренот . Нивната основна задача е да ги спречи противничките играчи да ја преминат или пресечат топката да се врати назад во казнениот простор. Во некои одбранбени системи, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија целосно е фокусиран на одреден противнички играч. Од повеќето дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија се очекува да повлечат напаѓачка димензија со навлегување во другата половина, да навлечат вкрстување заедно со страничните играчи. Во традиционалната 2-3-5 формација, двајцата играчи во дефанзивата пред својот голман се сметаа како дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија. Оваа формација речиси никогаш не се користи во современиот фудбал, била заменета со одбрана од четворица играчи, меѓутоа и понатаму се употребува поимот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија заедно со централниот бек и со тоа ја зајакнуваат дефанзивната линија. Традиционалниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија во Англија обично е крупен, силен маж спремен да изведе хакирање т.е. внимателно кошкање со противникот. Оваа тактика била легализирана во Британија но не и во другите земји со што се предизвикаа контроверзии особено откако играта станувала популарна на интернационално ниво во педесеттите години. Тактиката денеска е официјално забранета во сите земји, а со тоа им беше отворена вратата на новите различни одбранбени тактики.
Во современиот фудбал, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија има заземено офанзивна улога, што не е случај во традиционалниот фудбал . Крилната формација во форма на дијаманд 4-4-2 му налага на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија да покрие значителен дел и да се движи надолу кон боковите. Некои од одговорностите на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се:
Поради физички и технички барања кои ги налага нивнатга играчка позиција, успешниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија мора да поседува одлични предиспозиции, кои го прават прилагодлив на улогата на теренот. Многу од подвижните играчи кои можат да играат на различни позиции на теренот се обично во улога на дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија. Добар пример за ова е капитенот на Интер од Милано, Аргентинецот Хавиер Занети кој во својата богата кариера има играно како дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија, крилен играч и како играч од среден ред. Во современиот фудбал дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија учествува со прецизни додавања кога тимот преминува во контра напад. Позначајни одлики на дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија се
Дефанзивецот поставен во средниот ред е поподвижен од централниот бек со самото тоа што успева да ја исчисти топката доколку противникот успее да ја навлезе во одбранбената линија. Неговата позиција е подинамична од онаа на останатите одбранбени играчи кои всушност се фокусирани на одредени играчи. Поради ова, позицијата е понекогаш се нарекува Либеро (потекнува од италијански збор што значи "слободен", употребен од спортскиот новинар Џани Брера). Иако од дефанзивецот поставен во средниот ред може да се очекува да повлече контра-напад, неговите способности честопати се поврзуваат конкретно со дефанзивата. На пример,во затворениот систем на игра, што се употребувал во италијанскиот фудбал во 1960-тите години, дефанзивецот од среден ред бил сконцентриран само на својата половина. Некои дефанзивци од среден ред се движат нанапред и ја изнесуваат топката во противничкото поле, додека другите ја пресекуваат акцијата и ја уфрлаат топката во противничкиот дел без да направат старт. Во современиот фудбал оваа дефанзивна позиција била многу ретко користена, само некои од клубовите во големите лиги ја применувале.