Остаток од супернова (крат. ОСН или SNR, од англиски: supernova remnant) — образба настаната од избувот на ѕвезда во супернова. Се одликува со ударен бран и составена е од исфрлениот материјал кој се шири со избувот, како и меѓуѕвездениот материјал кој го нафаќа при ширењето.
Суперновата може да настане на два начина. Првиот начин е кога една масивна ѕвезда ќе снема гориво (што значи престанок на соединувањето во јадрото) и ќе се сруши навнатре поради својата тежа и ќе создаде неутронска ѕвезда или црна дупка. Друг начин на настанок е кога едно бело џуџе ќе насобере доволно материјал од придружната ѕвезда за да постигне критична маса и да се случи термојадрен избув.
Во обата случаја, настанатата супернова го исфрла ѕвездениот материјал со брзина до 10% од онаа на светлината, т.е. 30.000 км/с. Претпоставувајќи вообичаена температура на меѓуѕвездената средина од 10.000 K, исфрлениот материјал има првична брзина од преку 1000 маха. Поради оваа голема надзвучна брзина, материјалот пред себе создава ударен бран кој ја загрева претстојната плазма до температура од милиони келвини. Бранот постепено се забавува додека нафаќа материјал од околината, но може да се шири стотици или илјадници години на простор од десетици парсеци пред брзината да му падне под месната звучна брзина.
Најпознат пример за остаток од супернова е оној на SN 1987A од Големиот Магеланов Облак забележан во февруари 1987 г. Други познати остатоци се Раковидната Маглина, која е остаток од Тиховата Супернова и наречена по Тихо Брахе кој ја забележал сјајноста на избувот, и оној од Кеплеровата Супернова (SN 1604), наречена по Јоханес Кеплер. Најскорешен остаток во нашата галаксија е G1.9+0.3, откриен во нејзиното средиште.
При своето ширење, остатокот од супернова минува низ следниве развојни степени:
Постојат три вида остатоци од супернова:
Остатоците од супернови важат за значаен извор на галактичките космички зраци. Поврзаноста на овие зраци со суперновите први ја увиделе Валтер Баде и Фриц Цвики во 1934 г. Две децении подоцна, Виталиј Гинзбург и Сергеј Сироватски забележале дека, под претпоставка дека космичките зраци од остатоците од супернови се забрзуваат со делотворност од 10 отсто, тогаш загубата на космички зраци во Млечниот Пат може да се надомести. Оваа хипотеза е поддржана од механизмот наречен „забрзување на ударниот бран“ заснован на идеите на Енрико Ферми, кој сè уште е во развој.
Самиот Ферми во 1949 г. предложил модел на забрзувањето на космчките зраци по пат на судир на честичките со магнетните облаци во меѓувездената средина. Овој процес, наречен „Фермиев механизам од втор ред“ ја накачува енергијата на честичките при челни судири на постепен начин. Ваквото забрзување подоца е претставено со моќна ударно чело, при што честичките кои повеќекратно ја преминуваат тоа чело значително добиваат на енергија. Ова се нарекува „Фермиев механизам од прв ред“.
Остатоците од супернови ги овозможуваат енергетските ударни чела потребни за создавање на космички зраци со ултрависока енергија. Рендгенското набљудување на остатокот SN 1006 покажува синхротронско зрачење соодветно за таков извор . Меѓутоа, ова важи само за енергии до 1018 електронволти. Секоја повисока енергија настанува по поинаков механизам бидејќи остатоците од супернови немаат доволно енергија.
Останува непознато дали остатоците од супернови ги забрзуваат космичките зраци до петаелектронволтски степен. Тоа прашње ќе биде одговорено со Стројот на Черенкови телескопи (CTA).
„Остаток од супернова“ на Ризницата ? |
|
|