Социјализмот е идеологија чие централно залагање е замена на капиталистичкото општество со општество што ќе се одликува со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на општественото уредување, социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот.. Најчесто, социјализмот се сфаќа во значењето што му го дал марксизмот, имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон комунизам.
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат социјалдемократите, демократските социјалисти, комунистите и анархистите, потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.
Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
Во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски тврди дека „социјализмот не е само работничко прашање... туку, тоа е претежно атеистичко прашање.“
|