The Saturdays | |
---|---|
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Велика Британија |
Жанрови | Поп Денс-поп R&B Електропоп |
Период на активност | 2007-сегашност |
Издавачи | Polydor, Fascination, Geffen |
Соработници | S Club 8 Girls Aloud Mini Viva |
Мреж. место | thesaturdays.co.uk |
Членови | |
Уна Хили Моли Кинг Френки Сендфорд Ванеса Вајт Рошел Хјумс |
The Saturdays (во превод саботите) е британско/ирска женска поп група, формирана во јуни 2007 година во Лондон, Велика Британија. Групата е составена од членовите Уна Хили, Моли Кинг, Френки Сендфорд, Ванеса Вајт и Рошел Хјумс (родено име Вајсман). Имаат издадено три студиски албум, два EP и 17 синглови.
The Saturdays е формирана во 2007 година како две од девојките Френки и Рошел биле поранешни членови на групата S Club 8. По создавањето групата потпишува договор со Polydor, а потоа и со Fascination.
Во јули 2008 излегува деби синглот If This Is Love кој го зазема осмото место во Велика Британија. Песната беше издадена од страна на Fascination и Polydor Records на 27 јули 2008 година како водечкиот сингл од албумот Chasing Lights. Песната е придружена со нејзината Б-страна What Am I Gonna Do. Потоа тргнуваат на турнеја со Girls Aloud. Во октомври истата година излегува песната Up и достигнува до петтата позиција во UK Singles Chart, а подоцна излегува на пазарот и деби албумот Chasing Lights. Тој достигнува до деветтата позиција во Велика Британија и е продаден во вкупно 400 илјади копии. Во почетокот на 2009 излегува третиот сингл од албумот, Issues и достигнува до 4-то место во Велика Британија. Пред пролетта 2009 тргнуваат на турнеја (Work Tour), а во март излегува песната Just Can't Get Enough и достигнува до второто место во Велика Британија. Во јуни излегува последниот сингл од албумот Work кој се искачува до 22 место.
Во октомври 2009 се враќаат со песната Forever Is Over и се искачува до второто место во UK Singles Chart. Една недела по издавенето на синглот излегува и вториот студиски албум Wordshaker. Албумот достигна до деветтата позиција, а продадени 100 илјади копии. Во почетокот на 2010 излегува и песната Ego која застанува на деветтата позиција. Во летото на 2010 излегува песната Missing You и се задржува на третата позиција. Една недела по издавањето на песната е издаден и првиот мини-албум Headlines! и има поголем успех од издадените два и достигнува до третата позиција во Велика Британија, а продажбата од него се 200 илјади копии. Есента е издадена песната Higher која достигнува десеттото место. Во почетокот на 2011 тргнуваат на втората турнеја (Headlines Tour).
Групата почна да работи за третиот студиски албум. Во мај излегува првиот сингл од албумот Notorious и достигнува до осмото место во Велика Британија. Во летото на 2011 излегува видеото на песната All Fired Up, а синглот излегува во почетокот на септември и достигнува до третото место. Во есента излегува видеото на третиот сингл од претстојниот албум My Heart Takes Over, а самиот сингл е издаден во ноември 2011. Песната достигна до 15 место . Во декември групата планира да тргне на третата турнеја (All Fired Up Tour). На 21 ноември излегува третиот студиски албум On Your Radar и достигнува до 23-то место во Велика Британија .
На 30 март 2012 на BBC Radio 1 во The Chris Moyles Show беше претставен новиот сингл "30 Days", кој излегува на 14 мај. Песната е рангирана на 7 позиција во UK Singles. Во декември истата година излегува следниот сингл "What About Us" кој се искачува до 1 место и е нивниот прв број 1 сингл во Велика Британија. The Saturdays имаат и реалити шоу за нивната група и е наречена Chasing The Saturdays која беше премиерно прикажана на E! каналот на 20 јануари. Со тоа групата ја освои Америка и Chasing The Saturdays беше најгледаното шоу таа недела со 72 илјади гледања. На 28 јуни 2013 година излегува "Gentleman", кој зазема 14-та позиција во британскиот чарт за песни. Следниот сингл се појавува на 4 октомври, а тој е "Disco Love", а на 14, истиот месец излегува четвртиот албум на групата "Living for the Weekend", кој го зазема 10 место во Велика Британија. Петтиот сингл од албумот е Not Giving Up кој достигна до 19 место во Велика Британија.
The Saturdays беа на нивната четврта турнеја Greatest Hits Live! во септември 2014 година и го издадоа албумот "Finest Selection: The Greatest Hits" со сите нивни синглови, заедно со 3 нови песни. Во 2015 година, The Saturdays прават пауза од групата и работат на соло проекти. Ванеса Вајт во 2016 година го издаде својот соло EP "Chapter One". Моли Кинг на 19 август 2016 го издаде деби синглот "Back To You", а Уна Хили во февруари 2017 го издава деби албумот "The Waiting Game".
Студиски албуми:
EPs:
Видеоалбуми:
„The Saturdays“ на Ризницата ? |
|