Германска заедница во Белгија Deutschsprachige Gemeinschaft (германски) Communauté germanophone (француски) Duitstalige Gemeenschap (холандски) | |||
---|---|---|---|
Заедница на Белгија | |||
Држава | Белгија | ||
Област | Валонија | ||
Основана | 1984 | ||
Главен град | Ојпен | ||
Управа | |||
• Извршна власт | Влада на германската заедница во Белгија | ||
• Владејачки партии (2014–2019) | ПроДГ, PS, PFF | ||
• Министер-претседател | Оливер Паш (ProDG) | ||
• Законодавна власт | Собрание на германската заедница во Белгија | ||
• Претседател | Карл-Хајнц Ламберц (PS) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 854 км2 (330 ми2) | ||
Население (1 јануари 2020) | |||
• Вкупно | 77,949 | ||
• Густина | 0,091/км2 (0,24/ми2) | ||
Ден на германската заедница | 15 ноември | ||
Јазик | германски | ||
Мреж. место | dglive.be |
Германска заедница во Белгија (германски: Deutschsprachige Gemeinschaft Belgiens, DG; француски: Communauté germanophone de Belgique; холандски: Duitstalige Gemeenschap van België) или Источна Белгија (германски: Ostbelgien; француски: Belgique de l'est; холандски: Oost-België) — една од трите сојузни заедници на Белгија. Зафаќа површина од 854 км2 во рамки на покраината Лиеж (германски: Lüttich) во Валонија, опфаќајќи девет од единаесетте општини на Ојпен-Малмеди. Традиционално се користат повеќе различни дијалекти, меѓу кои мозелфранконски. Населението во заедницата изнесува околу 78.000 жители, околу 7% од покраината Лиеж и околу 0,7% од вкупното население на Белгија.
Заедницата се граничи со Холандија, Германија и Луксембург и поседува свое собрание и влада во Ојпен. Германската заедница во Белгија е составено од германските говорни подрачја на територијата која била припоена од Германија во 1920 година. Дополнително, во денешна Белгија има и други области каде германскиот се говори (разликата помеѓу германскиот, холандскиот, луксембуршкиот и лимбуршкиот е многу мала) кои припаѓале на Белгија и пред 1920 година, но моментално службено не се дел од германската заедница во Белгија: Блајберг-Велкенрат-Бален во североисточниот дел на покраината Лиеж и Арелерланд (градот Арлон и некои од неговите околни села во југоисточната покраина Луксембург). Меѓутоа, во овие области, германскиот јазик е во опаѓање поради растот на францускиот.
|
|