Отворена содржина

Отворена содржина, неологизам создаден по аналогија на „отворен код“, опишува каков било вид на креативно дело издадено во формат кој експлицитно дозволува копирање и модифицирање на неговата содржина од било кого, а не само од некоја затворена организација, фирма или лице. Најголемиот проект на отворена содржина во светот е Википедија.

Слободна содржина

Како во случајот со термините "отворен код" и "слободен софтвер", некои материјали со отворена содржина можат исто така што се опишат како "слободна содржина", иако технички тие опишуваат различни нешта. Проектот Отворен Именик е пример на отворена содржина но не и на слободна содржина. Основната разлика помеѓу лиценците е дефиницијата на поимот слобода: некои лиценци се обидуваат да ја максимизираат слободата за сите идни потенцијални приматели, а други ја максимизираат слободата само на првиот примател.

Common content

Поимот Common content се користи за трудови публикувани под лиценцата Creative Commons.

Отворен пристап

Поимот „отворен пристап“ се однесува на специјална категорија на материјали, која се состои од т.н. рецензиски-објавени статии до кои пристапот е слободен.

Лиценци

Поврзано

Наводи

  1. Schoer, Joachim; Hertel, Guido (2007-12-03). „Voluntary Engagement in an Open Web-based Encyclopedia: Wikipedians, and Why They Do It“. Архивирано од изворникот (PHP) на 2007-10-01. Посетено на 2007-03-17.

Надворешни врски

Главни репозитари и именици со отворена содржина