Сребренест галеб | |
---|---|
Со перје во сезона на парење | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Галеби |
Род: | Larus |
Вид: | Сребренест галеб |
Научен назив | |
Larus argentatus Pontoppidan, 1763, Данска | |
Распространетост |
Сребренестиот галеб (Larus argentatus) е голем галеб, распространет низ цела западна Европа, а го има и во Македонија.
Сребренастиот галеб најчесто се среќава на брегот на морињата во средна и северна Европа, а поретко во копнениот дел, покрај езера. Нивни природни непријатели се соколите, ајкулите, како и копнените ѕверки. Во Македонија, сребренастиот галеб живее крај Охридското Езеро.
Возрасните сребренасти галеби растат до 60 см, и имаат распон на крилјата од околу 145 см. Тежок е до 1.5 кг. Пердувите им се бели, горната страна на крилјата сива, а врвовите на крилјата им се обоени со црно. На силниот клун, од напред на долната страна има една црвена точка. Очите им се како и клунот, жолти. Нозете имаат благо црвена боја. Бојата на пердувите на мажјакот и женката не се разликуваат. Се огласуваат со звук кој потсеќа на „киу“ или „ка“. Во репертоарот на нивните пеења се и звукови кои личат на завивање и мјаукање. Кога се подготвуваат за напад, подмолно гакаат или мјаукаат со длабокиот глас. Спротивно на тоа, типичното крештење е пред сè предупредување кое треба да го исплаши непријателот, но тоа е и поздрав како и израз за барање (барање храна). Младенчињата повикуваат со морничаво завивачко свирење. Сребренастиот галеб може да доживее старост до 32 години. Тие се единки кои од некоја причина не можат да летаат и живеат под човековата грижа, можат да станат многу питоми и приврзани. Сребренастите галби се во можност да го видат ултравиолетовото светло.
Главна исхрана на сребренастиот галеб е иста како и на многу други галеби. И тие се сештојади, но сепак претежно се хранат со животинска храна како што се риби, мекотели, птици, а понекогаш и мали глодачи. Но, исто како и обичните галеби и сребренестите обиколуваат ѓубришта, зелени површини и полиња во потрага по било што, што може да го ублажи гладот.
Може да помине од четири до седум години додека сребренастиот галеб достигне целосна зрелост и почне на падините, бреговите и дините со лежење јајца и подигање млади. Гнездото кое е од растителен материјал го градат двајцата идни родители, а снесуваат најчесто 2-3 јајца. Мажјакот и женката ги инкубираат 28 до 30 дена. Пилињата остануваат во гнездото пет до шест недели сè додека не станат способни за летање.
Овие птици се долговечни, забележан е најдолг животен век од 49 години.
Leakey, Richard. 1979. Abridged and Introduced. The Illustrated Origin of Species. Darwin,Charles. Faber and Faber.ISBN 0-571-11477-6.p. 64