Француски Јужни и Антарктички Земји Terres australes et antarctiques françaises | |||
---|---|---|---|
Прекуморска територија | |||
| |||
Гесло: | |||
Химна: Марселеза | |||
Местоположбата на Француски Јужни и Антарктички Земји (заокружено со црвено) во the Индиски Океан (light blue) | |||
Суверена држава | Франција | ||
Територијален статус | 6 август 1955 | ||
Седиште | Сен Пјер, Реинион (седиште, вон подрачјето) 43°00′S 67°00′E / 43.000° ЈГШ; 67.000° ИГД | ||
Најгол. нас. место | Порт о Франсе | ||
Службени јазици | француски | ||
Водачи | |||
Емануел Макрон | |||
• Префект, Виш управник | Флоранс Жанбланк-Ризлер | ||
• Ген. секретар | Тјери Дусе | ||
Законодавство | Советодавен совет на ФЈАЗ | ||
Површина | |||
• Вкупна | 439,666.4 км2 | ||
Население | |||
• Проценка | официјално 200~400 постојани научници и воени лица нема трајно население | ||
Валута | Euro (€) (EUR) | ||
Часовен појас | |||
Страна на возење | десна | ||
ISO 3166-код |
| ||
НДД | .tf | ||
Website | taaf.fr/en/ |
Француски Јужни и Антарктички Земји, скрат. ФЈАЗ (француски: Terres australes et antarctiques françaises, TAAF) прекуморска територија на Франција. Таа се состои од:
Територијата понекогаш се нарекува Француски Јужни Земји (француски: Terres australes françaises) или Француски Јужни Територии, обично за да се нагласи непризнавањето на францускиот суверенитет врз Аделината Земја според Антарктичкиот договор.
Целата територија нема трајно население. На неа обично престојуваат 150 (зиме) до 310 (лете) луѓе, претежно воени лица, научни истражувачи и стручен кадар.
Во 2019 г. островите Крозе, Кергелен и Свети Павле и Амстердам се прогласени за светско наследство на УНЕСКО поради недопрената дива природа, биоразновидноста и огромните птичји колонии.
Неколку острови од територијата биле откриени во потрагата по морскиот пат за Индија. Португалците го откриле островот Свети Павле во XVI век; во XVII век Холанѓаните први стапнале на островот Амстердам. Французите нешто подоцна во истиот век ја откриле групата Крозе; во овој период се истражени и останатите острови, првпат пронајдени од Европејци.
Француските Јужни и Антарктички Земји се прекуморска територија на Франција од 1955 г. Порано биле управувани од Париз од виш управник (administrateur supérieur) потпомогнат од генерален секретар. Од декември 2004 г. со управата раководи префект (préfet) со седиште во Сен Пјер на островот Реинион.
Управата на ФЈАЗ, Францускиот поларен институт „Пол-Емил Виктор“ и Француската воена морнарица заеднички стопанисуваат со мразокршачот „Астролаб“, со сидриште во Реинион. Бродот носи персонал и залихи до поларната станица „Димон Дирвил“ и врши други должности како истражување и патрола.
Територијата се дели на пет окрузи:
Округ | Седиште | Население | Површина | ИСП | |
---|---|---|---|---|---|
Лете | Зиме | (км2) | |||
Аделина Земја | станица Димон Дирвил | 30 | 110 | 432.000 | — |
Крозе | Алфред-Фор | 25 | 45 | 352 | 567.475 |
Кергелен | Порт о Франсе | 70 | 110 | 7.215 | 563.869 |
Свети Павле и Амстердам | Мартен де Вивје | 25 | 45 | 61 | 502.533 |
Расеани Островиа | Сен Пјерб, Реинион | 56 | 56 | 38,4 | 640.400 |
ФЈАЗ | Сен Пјерв, Реинион | 206 | 366 | 439.666,4 | 2.274.277 |
а Расеаните Острови се петтиот округ на ФЈАЗ. Мрежното место на ФЈАЗ не дава податоци за нивното население. Тие се не вклучени во вкупниот износ.
б Главната станица на Расеаните Острови е на островот Тромлен. Седиштето на окружниот началник е вон ФЈАЗ, во Сен Пјер на островот Реинион.
в Главната станица на територијата е во Мартен де Вивје на островот Амстердам. Седиштето на територијалниот управник е вон ФЈАЗ, во Сен Пјер на островот Реинион.
На чело на секој округ стои окружен началник, чија надлежност е слична на француски градоначалник (вклучувајќи матичарска и полициска).
Бидејќи нема трајно население, територијата нема законодавно тело, ниту претставници во националното собрание.
Во територијата влегуваат островските групи Крозе, Кергелен и Свети Павле и Амстердам во јужниот Индиски Океан близу 43° ЈГШ, 67° ИГД, долж Аделината Земја, исечок од Антарктикот на кој полага право Франција, наречен од францускиот истражувач Жил Димон Дирвил по неговата сопруга.
Аделината Земја (432.000 км2) и островите (вкуп. 7.781 км2) немаат домордно население, иако во 1997 г. таму престојувалле 100 истражувачи, чиј број е појолем или помал зависно од времето во годината.
Островите Амстердам и Свети Павле се згаснати вулкани прогласени за екорегион на умерени тревишта. Највисока точка на територијата е планината Рос на Кергелен со 1.850 м. На островите има слетувалишта само кајшто има метеоролошки станици, а бреговата линија од 1.232 км нема пристаништа, туку само сидришта во крајбрежните води.
Островите во Индискиот Океан добиваат залихи од специјалниот брод „Марион Дифрен“ кој плови од Ле Пор на Реинион. Аделината Земја се снабдува од бродот „Астролаб“ кој плови од Хобарт во Тасманија.
Меѓутоа, територијата има трговска морнарица која во 1999 г. имала вкупно 2.892.911 БРТ/5.165.713 носивост, вклучувајќи 7 рефусни носачи, 5 товарни бродови, 10 танкери за хемикалии, 9 контејнерски бродови, 6 носачи на течен гас, 24 нафтени танкери, 1 брод-ладилник и 10 ро-ро носачи.
Ознаки | |
Службен назив: Француски јужни земји и мориња | |
Критериуми: | природно: (vii), (ix), (x) |
---|---|
Прогласено: | 2019 (43. заседание) |
Број | 1603 |
Регион: | Западна Европа |
Службен назив: Национален природен резерват на Јужните Француски Земји | |
Прогласено: | 15 септември 2008 |
Број | 1837 |
Поради изолираноста, француските острови во јужниот Индиски Океан сочинуваат едно од најголемите подрачја на недопрена природа во светот. Островите се сместени долж Антарктичката конвергенција, каде нагорното струење ги збогатува водите со хранливи материи. Поради ова, островите изобилуваат со птици и цицачи. На нив се размножуваат преку 50 милиони птици од 47 видови, меѓу кои преку половина од единките на 16 различни видови. На Крозе живеат половина од кралски пингвини на светот, а на Амстердам се преку половина единки на загрозениот индиски жолтоклун албатрос. Други ранливи птичји видови присутни на островите се кергеленската ластовичарка, мекгиливреевата ластовичарка и амстердамскиот албатрос, еден од четирите ендемски птици на островската група. Француските Јужни Земји се на второ место по бројот на јужни морски слонови во светот (околу 200.000 единки), и на трето место по бројто на антарктички крзнени фоки.
Растителните видови се доста сиромашни поради оддалеченоста и супполарната местоположба на островите; Свети Павле и Крозе немаат автохтони дрвја и грмушки. Меѓутоа, 8 од 36-те видови на виши растенија се ендемски. На нив се забележани неколку видови ендемски безрбетници, вклучувајќи молци и муви кои ги изгубиле крилјата поради отсуството на грабливци.
Природните ресурси на територијата се ограничени на риби и ракови. Стопанската активност се состои од опслужување на метеоролошки и геофизички истражувачки станици, како и риболовните флоти.
Главни рибни ресурси се патагонската забарка и лангустот. Водите ги посетуваат рибокрадни пловила. Со нив се справува Француската воена морнарица, која изрекува казни или го одзема пловилото.
Франција порано им издавала дозволи на странски бродови за залов на патагонската забарка, но поради прекумерниот риболов, денес тоа право го имаат само мал број риболовни претпријатија од Реинион.
Територијата остварува приходи од 16 милиони евра годишно.
„Француски Јужни и Антарктички Земји“ на Ризницата ? |
|
|
|
|