Највисок државен домен

Кодот на Македонија на семрежјето е „.mk“.

Највисок државен домен (или државен код на главен семрежен домен) — највисокиот домен на именската семрежја адреса кој се доделува на една држава; т.е. последните две букви од семрежната адреса.

Сите државни семрежни кодови се долги две букви, ги доделува Агенцијата за доделување на броеви на семрежјето (IANA) според упатството РФЦ 1591 кое кореспондира со стандардот ИСО 3166-2 алфа-2 со неколку исклучоци.

Државите имаат национален опслужувач на државниот семрежен домен, кој ги доделува имињата со државната наставка, и ги насочува пребарувањата на адреси со тој државна наставка.

Државниот код na Македонија е .mk или кириличниот .мкд и задачата за доделување на семрежни имиња со врвен домен ја има организацијата МАРнет.

Наводи

  1. Официјална страница на ИАНА
  2. Jon Postel (1994). „RFC 1591 - Domain Name System Structure and Delegation“. Посетено на 2008-09-09.
  3. ISO. „ISO 3166 Maintenance agency“.