Дани Карвахал Dani Carvajal | |||
---|---|---|---|
Карвахал во дресот на Реал Мадрид во 2013 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Даниел Карвахал Рамос | ||
Роден на | 11 јануари 1992 | ||
Роден во | Леганес, Шпанија | ||
Висина | 1,73 м | ||
Позиција | Централен одбранбен играч | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 2 | ||
Младинска кариера | |||
1999–2002 | Леман | ||
2002–2010 | Реал Мадрид | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010–2012 | Реал Мадрид Б | 68 | (3) |
2012–2013 | Бајер Леверкузен | 32 | (1) |
2013– | Реал Мадрид | 112 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2010–2011 | Шпанија П19 | 11 | (0) |
2012–2014 | Шпанија П21 | 10 | (1) |
2014– | Шпанија | 13 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16:22, 29 април 2017 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 март 2017 |
Даниел Карвахал Рамос (шпански: Daniel Carvajal Ramos), (Леганес, 11 јануари 1992) - шпански фудбалер, кој игра како десен бек и настапува за шпанскиот Реал Мадрид.
Карвахал влегува во академијата на Реал Мадрид на десетгодишна возраст и игра во сите формации на клубот. Во текот на 2010 година стига до вториот тим на клубот – Реал Мадрид Кастиља.
Во својата прва сезона за резервниот тим, Карвахал станува стартер и ја презел капитенската лента. Во следната сезона, 2011/12, одигрува 38 натпревари и постигнува два гола, помагајќи му на тимот да се врати во Сегунда дивисион после петгодишно отсуство.
На 11 јули 2012 година, Карвахал преминува во германскиот Бајер Леверкузен, со договор на 5 години. Клаузула во договорот за продажба му дава право на Реал да си го врати Карвахал за сума од 6,5 милиони евра по една сезона, 7 милиони евра по две и 8 милиони евра по три сезони.
Карвахал дебитира за Леверкузен на 1 септември 2012 година со победата со 2 : 0 на домашен терен против Фрајбург. На 25 ноември 2012 година го постигнува својот прв гол за клубот, постигнувајќи го вториот гол за победа од 2 : 1 над Хофенхајм.
Во 2013 година преминува во тимот на Реал Мадрид за сума од 6,5 милиони евра, согласно клаузулата од договорот за трансфер со Бајер Леверкузен. На 8 јули 2015 година го обновува договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година.
Карвахал настапува за Шпанија до 18 години, Шпанија до 19 години и Шпанија до 21 година, а на 2 септември 2014 година дебитира за првиот тим на репрезентацијата на Шпанија на пријателскиот меч со репрезентацијата на Франција загубен со 1 : 0 на гости.