阴木蛇年 (женско дрво-змија) 2092 или 1711 или 939 — до — 阳火马年 (машки оган-коњ) 2093 или 1712 или 940
1966 (MCMLXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1966 година од новата ера, 966. од вториот милениум, 66. од XX век и седма од 1960-тите.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7474 и 7475 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6716 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5726 и 5727 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2719.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1966 година се протега во 4602 и 4603, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4662 и 4663 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2509. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1385 и 1386 исламска година.
Во домот на активистите за граѓански права на Вернон Дахмер во Хатисберг (Мисисипи), е фрлена во бомба. Семејството Дамер побегнало но следниот ден Вернон Дахмер почина од тешки изгореници.
Конференција на премиерите на Комонвелтот се одржа во Лагос, Нигерија.
Харолд Холт е избран за водач на Либералната партија на Австралија додека Роберт Мензис се повлекува по 16 години на премиерското мерсто. Следствено, Холт станува Премиер на Австралија.
24 февруари — Државниот удар предводен од полицијата и војската на Гана го поставува Националниот ослободителен совет на власт, додека претседателот Кваме Нкурума е во странство.
Авионска несреќа на авионот BOAC Flight 911 над планината Фуџи, веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром во Токио во Јапонија, при што загинаа сите 124 лица.
Францускиот претседател Шарл де Гол наведува дека француските војници ќе бидат повлечени од НАТО и дека сите француски НАТО бази и штабови мора да бидат затворени за една година.
Повеќе антикомунистички демонстрации се случуваат во Индонезија.
Надвор од средоземниот брег на Шпанија, американска морнарица наоѓа исчезната американска водородна бомба.
20 март — Фудбалскиот трофеј од Светскиот куп е украден додека бил на изложба во Лондон; Истиот е пронајден седум дена подоцна од страна на куче
22 март — Во Вашингтон, претседателот на General Motors Џејмс М. Рош се појавува пред поткомитетот на Сенатот и му се извинува на адвокатот (Ралф Надер за кампањата за заплашување и малтретирање на компанијата против него.
29 март — 23-ти Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз се одржува во Советскиот Сојуз; Леонид Брежнев бара од американските војници да го напуштат Виетнам.
Заменик-претседателот на Кенија Огингеа Одинга поднесе оставка, велејќи дека „невидливата влада“ која ги претставува странските интереси ја води земјата.
Владата на Јужен Виетнам вети слободни избори за 3-5 месеци.
Земјотрес со јачина од 5.1 степени го погоди градот Ташкент, при што загинаа помеѓу 15-200 луѓе.
27 април — Папа Павле VI и советскиот министер за надворешни работи Андреј Громико се состануваат во Ватикан (прв состанок помеѓу водачите на Римокатоличката црква и Советскиот Сојуз.
28 април — Во Родезија безбедносните сили убија седум членови на армијата на Зимбабве
29 април — Бројот на американските војници во Виетнам достигна 250.000.
Судењето против Јан Бради и Мира Хиндли заршува. Бради е прогласен за виновен по сите три точки од обвинението за убиство и осуден на три истовремени казни на доживотен затвор. Мира Хиндли е осудена по две точки од обвинението за убиство и како додаток во третото убиство извршено од страна на Брејди, и добива две истовремени казни за доживотен затвор.
Во Њујорк, д-р Мартин Лутер Кинг го прави својот прв јавен говор за Виетнамската војна.
19 мај — Гертруда Банишевски е прогласена за виновна за убиство и мачење на и е осудена на доживотен затвор (таа е ослободена условно во декември 1985).
Топека, Канзас е зафатен од торнадо, надминувајќи штети од 100 милиони американски долари. Шеснаесет луѓе загинале, а стотици други биле повредени, додека илјадници домови биле оштетени
12 јуни — Започнуваат улични немири во Чикаго, како одговор на полициското пукање кон еден млад човек од Порторико.
Јули — Британскиот гангстерЧарли Ричардсон е уапсен од полицијата и осуден на 25 години затвор следната година за неговата улога во нападите на т.н. Банда на Ричардсон.
Гвинфор Еванс, претседател на Велшката партија, станува член на Парламентот на Обединетото Кралство за Кармартен.
16 јули — Британскиот премиер Харолд Вилсон замина во посеа на Москва во обид да започне мировни преговори за Виетнамската војна (советската влада ги отфрла неговите идеи).
Програма Џемини на НАСА: „Џемини 10“ на чело со Џон Јанг и Мајкл Колинс е испратен во вселената. Астронаутите поставиле рекорд од надморска височина од 474 милји (763 км).
24 јули — Американски F-4 Phantom II беше соборен од северновиетнамската армија, североисточно од Ханој, станувајќи првиот кој бил соборен во Виетнамската војна
Индонезија и Малезија издаваат заедничка мировна декларација, формално завршувајќи го меѓусебниот конфликт, кој започна во 1963 година.
Битлси одржуваат прес-конференција во Чикаго, за време на која Џон Ленон се извини за неговата „попопуларен од Исус“ забелешка, велејќи: „Не мислам на тоа како лоша анти-религиозна работа“.
12 август — Масакр на улицата Брејбрук: Хари Робертс, Џон Дади и Џек Витни пукаат во полиција во Триполи во Лондон; подоцна тие се осудени на доживотен затвор.
ЛСД е прогласено за нелегално во САД и строго контролирано. Не само што претставува криминал неговото распространување, туку и сите правни програми за научни истражувања на дрогата се затворени.
27 октомври — Обединетите нации го прекина мандатот на Лигата на народите и донесе одлука според која Југозападна Африка ќе биде администрирана од Обединетите нации. Ова било отфрлено од ЈАР.
Пред нешто повеќе од еден месец пред неговата смрт, Волт Дизни ги објави своите планови за EPCOT.
2 ноември — Влегува во сила Законот за кубанско прифаќање, овозможувајќи им на 123.000 Кубанци да аплицираат за постојан престој во САД.
4 ноември — Во Италија, реката Арно ја поплавува Фиренца, поплавувајќи ја до максимална длабочина од 6.7 метри, оставајќи илјадници бездомници и уништувајќи милиони уметнички ремек-дела и ретки книги. Во исто време се случуваат и поплавите во Венеција.
Две млади парови во Западна Вирџинија, наводно, виделе чудно молец — суштество подобро познато како Мотмен.
16 ноември — Американскиот лекар Сам Шепард е ослободен од обвинението по неговото второ судење за убиството на својата бремена сопруга во 1954 година.
20 декември — Харолд Вилсон ги повлекува сите свои претходни понуди до владата на Родезија и објавува дека ќе се согласи за независност само по основањето на владата на црното мнозинство.
Југословенската милиција во Белград ги нападнала студентите кои одржале собир против војната на САД во Виетнам. Повеќе студенти биле повредени, а 17 биле уапесени и осудени на еден месец затвор.
↑„Solved: the mystery of how AIDS left Africa“. New Scientist: 20. November 3, 2007.
↑„Wikipedia: 50 languages, 1/2 million articles“. Wikimedia Foundation. April 25, 2004. Посетено на April 10, 2009. The Wikipedia project was founded in January 2001 by internet entrepreneur Jimmy Wales and philosopher Larry Sanger. Quoted from the April 25, 2004, first-ever press release issued by the Wikimedia Foundation.