Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 53м | 17,811с
Деклинација | +42° 23′ | 18,52″
Прив. величина (V) | 10,715 |
Особености | |
Спектрален тип | A1V |
B−V Боен показател | 0,154 |
Податоци | |
Маса | 2,22+0.10 −0.14 M☉ |
Полупречник | 1,90+0.04 −0.05 R☉ |
Сјајност | 25,6 ± 2,4 L☉ |
Температура | 9.400 ± 150 K |
Други ознаки | |
KIC 6889235, 2MASS J19531781+4223185, GSC2.3 N2J3000844 | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
KOI-74 (KIC 6889235) — затемнувачка двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед. првичната ѕвезда е од спектрален тип А со температура од 9400 K. Се наоѓа во подрачјето на набљудување на вселенското летало Кеплер и било определено дека во својата орбита има придружник које значително помал и поврел од првичната ѕвезда.
KOI-74b е жешка компактна ѕвезда во орбита околу KOI-74. Била забележана во 2010 година од стрена на вселенското летало Кеплер и се пројавил интерес за истата поради нејзината мала големина (нејзиниот полупречник е 4,3% од Сончевиот полупречник) и висока температура од 13.000 K 13,000 K (12,700 °C; 22,900 °F). Орбитата на KOI-74b околу матичната ѕвезда изнесува 5,18875 денови. Анализата на релативистичкото засилување на светлината во податоците на Кеплер укажува дека најверојатно станува збор за маломасено бело џуџе со маса од приближно 0,22 сончеви маси, остаток од поранешна фаза на пренос на маса во двојниот систем кога телото поминало низ фазата на џин.
Координати: 19ч 53м 17,81с, + 42° 23′ 18,5″