Податоци од набљудување Епоха 2000 Рамноденица 2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 42м | 42,8034с
Деклинација | +43° 35′ | 09,864″
Прив. величина (V) | 7,7–12,4 |
Особености | |
Спектрален тип | K5V |
Променлив тип | Џуџеста нова |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −16,1 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 112,373 ± 0,113 млс/г Дек.: 33,589 ± 0,094 млс/г |
Паралакса (π) | 8.7242 ± 0.0491 млс |
Оддалеченост | 372 ± 7 сг (114 ± 2 пс) |
Орбита | |
Период (P) | 0,27512973 денови |
Наклон (i) | 45–56° |
Полузамав (K1) (главна) | 162,5 ± 1,0 км/с |
Податоци | |
Црвено џуџе | |
Маса | 0,55 ± 0,13 M☉ |
Температура | 4.560 K |
Бело џуџе | |
Маса | 0,81 ± 0,2 M☉ |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
SS Лебед е променлива ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за прототип на подкласа на џуџести нови кои имаат само нормални избувнувања. Вообичаено се менува од 12 величина до 8 величина во текот на 1–2 дена секои 7 до 8 недели. Северната деклинација на SS Лебед (околу 44° N) ја прави ѕвездата скоро околуполарна од европските и американските повратници, што овозможува голем број ос светските аматерски астрономи да го следат нејзиното однесување. Дополнително, бидејќи ѕвездата е спроти богатата позадина на Млечниот Пат, телескопското набљудувае на околината на SS Лебед содржи бројни ѕвезди за светлосна споредба.
SS Лебед, како и сите останати катаклизмични нови, се состои од близок двоен систем. Една од составниците е ѕвезда црвено џуџе, поладна ѕвезда од Сонцето, додека пак другата е бело џуџе. Изучувањата покажуваат дека ѕвездите во ситемот SS Лебед се на растојание од (од површина до површина) „само# 160.000 km или помалку. Двете ѕвезди се толку близо што тие ги завршуваат своите орбитални периоди за нешто над 6,5 часа. Наксоеноста на системот е пресметана дека изнесува 50 степени, што пак ја определува масата од 0,6 сончеви маси (M☉) за белото џуџе и 0,4 M☉ црвеното џуџе.
Астрономски гледано, SS Лебед е исто така доста близу. Првично се мислело дека е на растојание од 90 до 100 светлосни години, нејзиното растојание е препресметано во 1952 година и изнесувало 400 светлосни години. Во 2007 година податоците добиени од вселенскиот телескоп Хабл определија растојание од 540 светлосни години, и оваа вредност предизвика проблем со теоријата за џуџести нови, ова повторно беше проверено во 2010–2012 година користејќи радиоастрометрија со VLBI, што дало помало растојание од 114 ± 2 парсекs (371.8 ± 6.5 сг). Оваа вредност е во согласност со претходно добиените вредности од (≈400 светлсони години), и во целост ги остранува потешкотиите со големото растојание кај џуџестите нови.