Џон Хол | |
---|---|
Хол на средбата на добитниците на Нобелова награда во 2012 година | |
Роден(а) | 21 август 1934 Денвер, Колорадо, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Колорадски универзитет, JILA, NIST |
Образование | Карнегиев институт за технологија |
Познат по | оптички честотен чешел |
Поважни награди | Златен медал од министерството за трговија (1969) Нобелова награда за физика (2005) |
Џон Хол (21 август 1934) — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.
Роден во Денвер, Колорадо,Хол поседува три дипломи од Карнегиевиот институт за технологија, и [дипломирал во 1956 година, а магистрирал во 1958 година, докторатот го зел во 1961 година. Тос своите подокторски студии ги завршил при министерството за трговија во Националното биро за стандарди, денес Националениот институт за стандарди и технологија (NIST), каде останал од 1962 година па сè до неговото пензионирање ви 2004 година. Тој држел предавања на Колорадскиот унверзитет од 1967 година.
Хол моментално е постар член на (NIST), професор во пензија и член на JILA, порано познат како Содружен институт за лабораториска астрофизика, и предавач на оддеот за физика при Колорадскиот универзитет. (JILA) — истражен институт управуван заедно од Колорадскиот универзитет и (NIST).
Хол поделил половина од својата Нобелова награда Теодор Хенш за нивната пионерска работа заснована на ласерската прецизна спектроскопија, како и на оптичкиот честотен чешел. Другата половина од наградата ја добил Рој Глаубер.
Хол има добиено многу почести за неговата пионерска работа, вклучувајќи ја тука и наградата на Оптичкото друштво на Америка Макс Борн „за пионерски придонеси при стабилни ласери, вклучувајќи ги тука и основите на физиката и од неодамна за стабилизацијата на фемтосекундните ласери, со што е постигнат драматичен напредок во оптичкочестотната методологија.“
Кондонова награда, 1979
|