Воведен | 1990 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Руски инститиут за јавни мрежи |
Покровител | Руски институт за јавни мрежи |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со СССР |
Фактичка употреба | Ентитиети од посоветската ера |
Регистрирани домени | 119.423 (јули 2014) |
Ограничувања на рестрацијата | нема |
Состав | Регистрациите се дозволени директно на второ ниво |
Правила при спор | нема |
Мреж. место | RUcenter |
DNSSEC | да |
.su — највисок државен домен за Советскиот Сојуз создаден на 19 септември 1990 година. Иако Советскиот Сојуз се распаднал по само 14 месеци, највисокиот домен .su е во употреба и до ден денес. Го раководи Рускиот институт за јавни мрежи.
Пред создавањето на советскиот домен постоеле само неколку мрежни страници во СССР Internet pages, повеќето припаѓале на универзитетите.
По 1989 година се создадени нови домени во Европа, вклучувајќи ги тука .pl (Полска), .cs (Чехословачка), .yu (Југославија) и .dd (Источна Германија). Меѓу нив бил создаден и доменот за СССР – .su. На почетокот Советскиот Сојуз требаше да добие .ussr домен. Но .su доменот бил осмислен од тогаш 19 годишниот фински студент Петри Ојала. На 26 декември 1991 година се распадна Советскиот Сојуз и републиките се здобија со независност, со што овој домен требало да престане да постои, како што се случило со останатите домени на Источна Германија и Чехословачка. До 1993 немало највисок државен домен за Русија. Поради оваа причина земјата продолжила да го користи советскиот домен. Во 1993 година се воведува доменот .ru кој требало да го замени доменот .su. Доменот требало да биде повлечен од ICANN, но бил зачуван по барање од руската влада и корисниците на семрежјето.
Во 2001 година, раководителите на доменот објавиле дека ќе почната да прифаќаат нови записи на доменот .su, но не е јасно дали оваа остапка е во согласност со политиките на ICANN. ICANN изразила намера дека сака да го укине доменот .su и IANA изјавила дека почнала да го отстранува, но лобистите изјавиле дека во септември 2007 година започнале преговори со ICANN за зачувување на доменот. Во првата четвртина на 2008 година, регистрациите на доменот .su се зголемиле за 45%.
Доменот бил наменет за советските институции и претпријатија кои работеле во СССР. Моментално, и покрај распадот на земјата и преземањето на доменот тој сѐ уште е во употреба. Повеќето од регистрираните домени на .su се во Русија и САД. Според податоците на RU-CENTER, постојат околу 93.500 регистрирани страници на доменот .su (постојат преку 2,8 милиони страници на доменот .ru ). Меѓу институциите кои сѐ уште го користат овој домен се руската партија Наши, која е поврзана со претседателот и премиерот на Руската Федерација, како и од сепаратистичката Федерална држава Новорусија во Источна Украина. Во продолжение, доменот се користи од меѓународните бизниси, како што се Microsoft, Apple и Ford, кои своите руски страници ги имаат регистрирано на доменот .ru. Некои организации кои настанале во Советскиот Сојуз сѐ уште го користат овој домен.