Воведен | 1988 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Associação DNS.PT |
Покровител | Associação DNS.PT |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со Португалија |
Фактичка употреба | Доста употребуван во Португалија |
Ограничувања на рестрацијата | Нјаразлични ограничувања за разни поддомени; .com.pt е без ограничувања |
Состав | Регистрациите се директно на второ ниво ил пак на трето ниво за некои второстепени ознаки |
Мреж. место | dns.pt |
DNSSEC | да |
.pt — највисок државен домен за Португалија раководен од Fundação para a Computação Científica Nacional. ова се второстепените домени:
Регистрацијата директно на второстепените домени е можна но со ограничувања:
Од 1 јули 2005 година, некои од акцентираните букви се поддржани во доменските имиња. Моментално дозволени букви се: à, á, â, ã, ç, é, ê, í, ó, ô, õ, ú. Ова се акцентираните букви кои се користат во португалскиот јазик.
Настрана од .gov.pt, португалските поддомени биле слабоискористени, бидејќи многу од луѓето се регистрирале на под доменот .pt кога почнале да се користат новите подомени. Многу претпријатија, колеџи и луѓе сѐ уште го користат доменот .pt бидејќи овие домени потешко се добиваат и се полесни за паметење. Постојат и недоследности: на пример, мрежната страна на Ministério dos Negócios Estrangeiros (Министерството за надворешни работи) не е www.mne.gov.pt, туку www.min-nestrangeiros.pt. Но, поддоменот .com.pt е силно промовиран од страна на регистарот, и сега има голем број на регистрации и активни мрежни страници. Други како .nome.pt з физичките лица се мошне ретки.
На почетокот, FCCN се обиде да воспостави контрола на доменот .pt со уотреба на строги правила, кои биле прилагодувани многупати. Преседанот претставен од домените кои веќе биле регистрирани, но не можеле да се регистрираат по новите измени довело до тоа правниците да побараат дека сите домени треба да бидат регистрирани подеднакво. Кога ситуавцијата излегла од контрола, FCCN се обидела да ги предложи субдомените како com.pt. Но бидејќи т=регистрацијата под доменот .pt сѐ уште била можна, кориснице и понатаму го користеле.
Се проценува дека во доменот .pt се содржи 10% од целокупниот португалски интернет. Станува збор за третиот најпопуларен португалска наставка по .br и .com, и е пред .net, .org и .info, сите се над 10 милиони страници.